Македонска GNU/Linux планета

09 февруари 2010

Сподели знаење

Работилница за мобилни апликации (10.02.2010 во 18:00)

Како што веќе најавивме започнуваме со работилница за развивање на мобилни апликации, оваа среда 10.02.2010 во 18:00 часот кај нашата мила и драга "Kика".


Агендата за првиот ден е:
  • инсталација и конфигурација на развојни околини за Android и Symbian (на Ubuntu);
  • пишување на "Zdravo narode!" апликација за двете платформи;
  • дискусија околу тоа што да работиме наредните средби.


од zuberot (noreply@blogger.com) на 09 февруари 2010, 00:58

08 февруари 2010

Сподели знаење

Ruby Meetup: Rails 3.0 преглед && Editor/IDE војни (11.02.2010)

Првиот Ruby meetup во 2010 е на распоред овој Четврток (11.02.2010) со почеток во 19 часот.

Презентации и дискусии на следниве теми:

- Rails 3.0 бета
Преглед и дискусија за ново-додадените и изменети работи во Rails 3.0, инсталација на бета верзијата и слично.

- Editor/IDE војни
Кој едитор/IDE го користите за развој на Ruby/Rails апликации? Vim, Emacs или Textmate? Rubymine, RadRails или Netbeans? Презентирајте го тој што го користите или дојдете да ги видите разликите меѓу нив!

Се гледаме во Скопје Хаклаб.

МКРУГ Тим

од Dalibor Nasevic (noreply@blogger.com) на 08 февруари 2010, 21:58

07 февруари 2010

Сподели знаење

Ubuntu прва помош 08.02.2010 од 19-21

Стандардно како и секој понеделник, Ubuntu прва помош во хаклабот Кика од 19 до 21. Па повелете.

од Дамјан Георгиевски (noreply@blogger.com) на 07 февруари 2010, 20:31

Гоце Митевски

Mакедонската архитектура го оформила Барокот

Понекогаш си велам, добро види се, колку малку познавања имаш за културата на сопствената земја. Во тие моменти, доволно е да прочитам или изгледам МАКЕДОНСКИ вести и да расчистам со дилемите. Не сум јас тој што нема познавања, туку македонските експерти секојдневно прават брејк-тру во своите области, па едноставно ми треба ажурирање. Понекогаш немам ни струја за да бидам во тек. Ве молам, простете.

Откритие на денот: македонската архитектура го оформила Барокот (преку Новица)

од Гоце Митевски на 07 февруари 2010, 16:58

Новица Наков

Скопје2014

I. Зошто е важно?

Кога министерката за култура ќе рече дека „Бранко Црвенковски во својата 20-годишна политичка кариера не изгради апсолутно ништо во Македонија и зачудува од каде тој се доживува како авторитет кој може да коментира дали е нешто кич или не.“, таму ќе видите слабо формулирана политичка изјава, и тоа поради неколку причини.

Очигледното е: зошто би очекувале некој кој не е стручен во архитектура и уметност воопшто да го дожувуваме како авторитет? Се разбира не очекуваме. Но, би очекувале сепак да се земат предвид мислењата на стучните лица, а токму за нив Владата е глува. Но, можеби во Владата сметаат дека само тие што „градат“ се авторитети?!?

И ако е така, и ако Бранко Црвенковски воопшто нема никаков кредибилитет бидејќи тој „не изгради апсолутно ништо“, тогаш во ова има повеќе вистина одошто може да изгледа на прв поглед, бидејќи навистина Црвенковски не „изгради“ ништо: ниту независно судство, ниту квалитетно образование, ниту Вашето омилено што недостасува од јавниот сектор. Но, ваквото „градење“ всушност го руши кредибилитетот на сите политичари во последните 20 години во Македонија, бидејќи никој ништо нема изградено.

Третото е буквалното читање на изјавата, дека Црвенковски не изградил ништо од бетон и стакло. И ова можеби е најмалиот негов грев. Од каде па потребата Владата да гради нешто повеќе од патишта во капитализам и парламентарна демократија? Чинам, големите градења на разно-разни објекти беа симбол на комунистичките (но и другите авторитарни системи)?

И поради последново, Скопје 2014 е важно. Важно е затоа што и покрај сите спорни активности на Владите до сега, било тоа биле ТАТ и Микрософт, ОКТА и Телеком, или нешто трето, Скопје2014 единствено ќе остави траен белег во Македонија. Тоа ќе ги погоди сите граѓани без разлика дали живеат во Скопје или доаѓат во главниот град повремено, без разлика дали се млекари и ги извисил Сведмилк, или се лозари и ги извисил Тиквеш.

А знаејќи го досегашниот „успех“ на политичарите (и тоа не само македонските), на едно нешто може да сметаме: парите секогаш се тука некаде во врвот на приоритетите. И највозвишените идеи за градење на државите и пумпање на идентитетот криеле дебели туциња пари.

II. Зошто не ми е гајле?

Лани во ноември имав здравствен проблем кој бараше трчање на дежурен лекар. Кога стигнав, ми рекоа дека не може да ме снимат бидејќи апаратот не работел. Гоце може ќе ми замери, но тоа што следеше беше трчање по луѓе и вртење телефони за да стигнам на снимање пред тие што закажале во септември, но што може човек да прави во таква сутиација? Моралните дилеми на страна, она што главно ме загрижува е зошто сум воопшто во таква сутиација кога и јас и моите родители редовно цел работен век плаќаме придонеси?

Но, можеби тоа било моја лоша среќа и реформите во здравството навистина ќе донесат подобри услуги за сите? Да се потсетам тогаш на патешествието постдиплмоски студии. Последното пријавување ме соочи со тоа дека македонските судски и нотарски печати не се признаваат во странство. А зошто? Зошто дипломата што ја издава македонскиот водечки универзитет, факултетот што е во водечките 1000 бизнис школи во светот не вреди ни колку празен лист од книжарница надвор од границите на РМ? (Некој со право ќе рече дека истава диплома често не вреди ништо ни во РМ, бидејќи партиските книшки се подобра референца).

На крај, тука се решенијата за извршување за радиодифузна и комунална такса што ги пратија МРТ и Градот. Правна сигурност некој ќе рече? Џабе правобранителот вели дека МРТ греши кога извршителите ги љуштат парите директно од банкарска сметка. Слично е и со застарените комуналните такси од градот што пред 10 дена блокираа илјадници фирми. А банките, верните чувари на пари, наместо да ги заштитат своите клиенти сепак се одлучија да подлегнат под уште еден политички притисок, често одбивајќи воопшто да дадат информација за тоа кај отидоа париве од жиро-сметката.

Па зошто да ми биде гајле дали на плоштадот ќе има еден или десет коња кога ништо друго не функционира? Каков план можам да правам за иднината?

Да ја оправувам работата во државата немам ниту намера ниту желба. Ми останува само да бегам. Ако не успеам, тогаш ќе го гледам Скопје во 2014 и ќе тонам во просечност.

од Новица на 07 февруари 2010, 10:33

06 февруари 2010

Гоце Митевски

Против EVN

Денес, во дел од Радишани немаше струја од околу 8 часот наутро, до 23 часот. Остварив 4 повици кон EVN. Првиот пат ми најавија дека се работи за сериозен проблем. Вториот пат ме излажаа дека до 18 часот проблемот ќе биде решен. На третото јавување ми рекоа дека само што им јавиле дека проблемот ќе биде решен до 22 часот. И конечно, кога се jавив после 22 часот, ми рекоа дека немаат информација кога ќе биде решен проблемот, но се очекува тоа да се случи во текот на вечерта (јас би рекол ноќта).

Објаснувањето инаку беше дека изгорела трафостаница, дека станува збор за сериозен проблем и голем дефект и дека активно се работи на решавање на проблемот.

Компанија што 15 часа не може да реши проблем, не треба да постои, не треба да си го губи времето и не треба да ги искористува граѓаните. Таквата компанија има неквалификуван кадар, работи нетемелно и проблемите не ги решава систематски. Таквата компанија не анализира и не претпоставува. Таквата компанија работи на памет.

Да живеев во нормална земја каде што нема правна несигурност, со сигурност ќе поднесев приватна тужба против компанијата EVN. За нивна среќа, а и заради нашите ценети, неписмени и ненаситни власти, денес единствено што можам да правам е да се жалам на беспомошната ситуација во која ми беше наложено да се најдам.

Дополнување: Во 00:45 (07.02.2010) повторно снема струја и немаше сè до пред малку т.е. до 14 часот (07.02.2010). Значи, приближно 29 часа без електрична енергија!

од Гоце Митевски на 06 февруари 2010, 23:13

05 февруари 2010

Сподели знаење

Сподели Знаење 6.02.2010

Како и секоја сабота, Сподели Знаење од 12:30 во Хаклаб КИКА
мапа до хаклабот

Теми разно...

од Дамјан Георгиевски (noreply@blogger.com) на 05 февруари 2010, 17:10

02 февруари 2010

Гоце Митевски

Јавно здравство 2010

Користењето на услугите од јавното здравство во нашава држава е како со сила правење на будала. Не се за џабе кажани сите критики за нефункционирањето на системот, што во денешно време може да се слушнат од вистински и самонаречени експерти и од обични граѓани.

Денес, еден човек раскажа во што се состои неговиот проблем. Примен бил за операција на кила, но веќе два дена бил оставен да лежи во Градска болница без никаква храна, чекајќи го сопствениот ред на листата на „презафатените“ „доктори“. Кога конечно се видел со неговиот доктор и побарал да биде опериран побрзо, докторот му рекол: „Ако сакаш побрзо ќе си платиш 600 – 700 евра!“ И толку. Човекот, најверојатно ќе ја напушти болницата (ќе биде отпуштен од болницата зашто во моментов нема слободно место за операција на кила) и ќе биде примен повторно штом ќе се засити апетитот на лакомите доктори, па ќе бидат расположени да работат „за џабе“. Тоа што човекот има проблеми со здравјето, кои во било кој момент може да се искомплицираат никому не му е пречка.

Ако човекот се сетеше на името на неговиот доктор, ќе го наведев во овој запис. Од претпазливост или од страв, човекот не кажа име и за жал главната информација во овој запис недостасува.

Ваквите проблеми во системот може да ги реши само оној што умее да разбере во што тие се состојат. Сите театри пред јавноста за борба против корупцијата, сè помалку се уверливи и еднаш едноставно ќе мора да запрат! Само, кога?

од Гоце Митевски на 02 февруари 2010, 21:15

01 февруари 2010

Новица Наков

Ангели во Америка, театар во Македонија

Spoiler warning: Ако имате намера да ја гледате претставата „Ангели во Америка“, имајте на ум дека во текстот подолу се откриваат некои детали од претставата.

- „Што има вечерва во Драмски“ - ќе праша еден човек на билетарата.
- „Ангели во Америка.“ - одговара службеничката.
- „Што е тоа? Некоја комедија?“
- „Не. Геј фантазија на национални теми.“
- „Што геј?“ - е последното прашање, пред човекот да се упати надвор од дворот на Драмскиот театар.

Не знам дали некој мудар филозоф некаде објаснувал дека преку уметноста може да се мери пулсот на општеството, но ако е така збунувачка дијагноза има за Македонија денес: сексуалната ориентација е заборавена во новиот Закон за дискриминација, а една од водечките претстави во националната установа Драмски театар Скопје, го обработува толку осетливото прашање за хомосексуалноста.

Дали е ова баш така збунувачки како што помислив јас (инаку немаше да го пишувам ова?)

На вратата на ДТС стои дека претставата не е за лица помали од 18 години. Кога го видов знакот бев воздржан. Кога ја видов претставата бев зачуден. Што може да е толку спорно во една претстава за не биде препорачлива за лица под 18 години? Претставата има еден машко-машки бакнеж (и тоа прилично дискретен), еден хомосексуален однос (без голотија), една или две референци кон орален секс (пр. „вилицата ми знае“) и вообичаената театарска доза на пцовки. Ова ли се нештата поради кои претставава е означена како „само за возрасни“?

Пред 10 години, кога од средно задолжително одевме на претстава во организација на професорката по литература, претставите што се гледаа беа „Буре барут“, „ММЕ“ и „Шопинг енд факинг“. Што можевме тогаш како тинејџери да слушнеме од сцената?

Буре барут

Свето: Кој го отру Никола?
Симон: Како го отру Никола?
Свето: Со отров.
Симон: Мислев, како можеше ти да го отруеш Никола? Па, заедно го купивме. Ти го одбра. Го влечкавме од Москва. Ти го учеше да враќа стап.
Свето: Да му ебам матер.
Симон: Да му ебеш матер?
Свето: Кој те исцинкари на жена ти за Марија?
Симон: Ти ме запозна со Марија, да му ебам матер.
Свето: Да му ебам матер.
Симон: Да му ебеш матер?
Свето: Така е.
Симон: Како бе, Свето?
Свето: Да му ебам матер.

ММЕ

Младиот: Речено ми е, овде има најдобри курви.
Д-р. Фалус: Има. Јас сум. Ќе бидеш научен. Сѐ ќе те научам. Сакаш да одиме одма или прво ќе ми купиш едно пивце?
Младиот: Не биди смешен.
Д-р. Фалус: Тебе ти е смешно? Мене ми е страшно. Дали ќе бидеш нежен? Дали ќе ме бакнеш барем еднаш? Да не имаш некоја болештина? Сигурно ќе сакаш отпозади. Свињо една балканска. Па, јас не сум само куп месо. Јас сум чесна курва. Девица.
(...)
Младиот: Не дојдов овде за вакви како тебе. Слушаш? Имам јас мои планови... Дојдов да ебам малку матер овде...
Д-р. Фалус: Не се секирај. Ќе биде. Во добри раце стигна. Тебе ти треба знаење. Ти треба добар учител. Учителот знае сѐ. Сега ќе ти покаже нешто учителот. Ќе научиш нешто. Дојди да те научи нешто учителот. Знаење? Гледај како влегува знаење во тебе?!
(Го фаќа за коса. Го силува. Крик)

Нешто подоцна, „Диво месо“ имаше топлес сцена, без никакво предупредување. А ми се чини дека и ланската „Коза или која е Силвија“, во која се зборува за секаков секс (па и зоофилија) немаше никакво предупредување за малолетниците.

Но сепак, оригинално 7-часовната „Ангели во Америка“ има нешто што ја разликува од сите овие погоре. Тоа е испреплетеноста на политичкиот (јавниот) живот со приватниот живот. Сместена во времето на Регановото владеење, претставата освен што го прикажува појавувањето на хомосексуалноста на јавната сцена во САД, го прикажува и игнорантниот однос на тогашната десничарка администрација во однос на СИДА-та, но и нејзината корумпираност. Конфликтот помеѓу религијата и сексуалната ориентација исто така има свое место во драмата. Еден од главните ликови е прочуен адвокат, близок до администацијата, докажан ловец на комунисти, безмилосен и без морал.

Па што всушност не треба да видат тинејџерите?

Башка белешка: Додека чекав да се прибере друштвото за да купиме билети, голем, ама навистина голем број на луѓе дојдоа и се повикаа на некој за да земат билети. Ништо ново ми се чини кога станува збор за претстави и/или концерти. Ништо ново, и тоа е некако многу тажно.

од Новица на 01 февруари 2010, 19:59

30 јануари 2010

Виктор Стојановски a.k.a zuberot

Додаток за Pidgin [вградено видео]

Супер корисен додаток за најпознатиот клиент за размена на кратки пораки Pidgin. Засега е достапна верзија само за GNU/Linux наскоро како што е најавено ќе има верзија и за Windows. Корисниците на Ubuntu имаат и .deb пакет кој што ќе ја заврши целата работа, останатите ќе мора да компајлираат.

Откако ќе го симнете пакетот во Terminal внесете:

sudo dpkg -i pidgin-embeddedvideo_1.1-2_i386.deb

Ресетирајте го Pidgin и од Tools->Plugins активирајте го додатокот и работата е завршена.

Сега видеата наместо во вашиот прелистувач ќе ги гледате директно во прозорецот во кој што разговарате. Дополнително во додатокот може да конфигурирате дали видеата да се прикажуваат автоматски или со притискање на стрелката после секоја видео врска.

Додатокот знае да ги препознае следните сервиси за видеа CollegeHumorDailymotionGoogle VideoMetacafeMySpace VideoTriluliluVimeoYahoo! Video и Youtube.

од Виктор Стојановски на 30 јануари 2010, 00:14

28 јануари 2010

Новица Наков

Хакери од минатото

Деновиве во средното училиште „Раде Јовчевски - Корчагин“ се подготвуваат за 50 годишен јубилеј.

Оттаму добив повик за да им помогнам да пронајдат стари материјали од корчагинската „Визија“. На едно CD со back-up на податоци од Win98SE најдов колекција текстови кои на времето со Срѓан ги спремавме за веб страницата на списанието.

И меѓу нив и текст за „Хакерите и хакерскиот синдром“ на Кирил Видимче од Визија бр. 1 од 1993 година.

Не знам дали текстот ќе се најде во потесниот избор за the-best-of бројот на „Визија“, но еве го тука за хакерите од планета и другите кои го читаат блогов. :)

ПрилогГолемина
hakerite-i-hakerskiot-sindrom.html21.51 KB

од Новица на 28 јануари 2010, 21:06

Благој Капсаров

Македонски гитари по сопствен избор

Ако се случува нешто интересно на нашава музичка сцена, јас ова би го слушал! Не дека другите работи што се случуваат не се интересни, само изборот со моите вредности, вкусови и критериуми за квалитет лежи во овој скромен избор. Простопроширено целиот тој шунт и ѓубре што повеќето наши медиуми го форсираат, е одраз на еднонасочноста и утепаноста на неквалитетните уредници и НЕ себе образовани мозоци што мислат дека треба само да објават нешто на телевизорот како доволно и подобро од необјаување ништо. Нека ми простат сите музичари што нема да се најдат тука особено од рок-панк-рол-метал-реге-блуз-хоп–џез-и-тн жанровите.
Внимателно, спремам еден посебен пост за нашите етно групи што сакам да им посветам исто така посебно внимание, таму нема дискусија!

од kapsarovb на 28 јануари 2010, 09:53

26 јануари 2010

Гоце Митевски

Врти, сучи, бучи

Не се согласувам со актуелното барање на македонските медиуми. Ќе речам, дека е испад, основан на незнаење и неразбирање на придобивките од новите технологии. Ќе речам дека е обид за наметнување на правила на однесување. Ќе речам и дека е во согласност со актуелниот тренд на промовирање на едноумие и бирократија во Република Македонија.

Агрегаторите на содржини директно и недвосмислено носат поголема посетеност на веб-сајтовите на опфатените медиуми, а не како што самите медиуми велат, дека е обратното.

На обичните граѓани агрегаторите им нудат можност за:

Агрегаторите на содржини се базираат на компјутерски алгоритми кои не го земаат во предвид тоа што Канал 5 е на Стојменов или пак што Сител е на Ѕинго.

Знам, проблем е што се нема контрола над агрегаторите и над нивните алгоритми. Секогаш е проблем кога се нема контрола над нешто. Секогаш во средини што се утепани од долгогодишна транзиција. Секогаш – во Македонија.

Да прашам:

И конечно, дали медиумите во Македонија сакаат да имаат финансиски придобивки од агрегацијата на нивните вести, па затоа се толку бучни? Ако е така, што тогаш вртат одоколу?

од Гоце Митевски на 26 јануари 2010, 15:46

25 јануари 2010

Благој Капсаров

Теорија на Рамнотежата

Оваа теорија многу одамна е разгледувана, проучувана со истражувања и набљудувања. Таа сфера на интерес, според сознанијата на човештвото денес, датира уште од времето на античка Кина, пред 3000-4000 години. Но овој термин се користи најмногу во ерата на античките Грци или поточно ерата на филозофите што ја започнале западната култура во светов. Спаѓа во повеќе научни дисциплини, но најмногу ја опфаќа социологијата (наводно).

Зборот социологија потекнува од латинскиот збор socius што значи „сопатник“ или „другар“ и старогрчкиот збор λόγος (lógos) што значи „збор“ или „знаење“. Вака спакуван зборот социологија го склопил Емануел Џозеф Сијес во 1780. Но Теоријата на Рамнотежата не ја опфаќа само социологијата, таа е исто толку поврзана со психологијата и филозофијата.

Фритз Хајдер, Австриец и психолог што живеел при крајот на 19 век до крајот на 20 век, дал некаква теоретска дефиниција за рамнотежата на човечкиот психолошки мотив што се стреми да ја урамнотежи својата неурамнотеженост. Хајдер заклучил дека сентименталноста односно односите помеѓу луѓето се главните виновници за постигнување рамнотежа кај самиот човек. Пример: Ако имаме личност што сака и личност што не сака, кога ќе се сретнат и двете личности ќе бидат исполнети односно ќе постигнат психолошка рамнотежа кај самите себеси на сметка на двајцата. Што според ова, луѓето како единка не се способни да се урамнотежат психички самите себеси, туку им треба друштво од најмалку уште еден човек за да го постигнат тој еквилибриум.

Теорија на Рамнотежа

Оваа теорија е теорија за тоа што им треба на луѓето во нивните животи за да постигнат среќа (радост). Симболизира рамнотежа преку која се измерени смислата или причината. Се разбира дека рамнотежата е совршена само тогаш кога двете страни се еднакви во тежина. Со други зборови, за да постигнете среќа, двете страна треба да се еднакви, не во бројка туку во тежина. Значи, колку повеќе разум и причина содржи твојот живот, толку повеќе ќе треба да содржи и бесмислици или глупости за да останеш среќен и здрав (нормален).

- Александар Велики

од kapsarovb на 25 јануари 2010, 08:16

21 јануари 2010

Mozilla.мк блог

Излезе Firefox 3.6

Firefox 3.6 малку подзакасни овој пат, но што да се прави, пола саат чекавме петка али никако да дојде Како што викаат во светот на славните, „фенси е да касниш„. Но тоа не е се што е фенси за 3.6 верзијата на Firefox… Со целосно нов систем за додавање теми познат како Personas, можете да го смените изгледот на Firefox во рок од неколку секунди. Имате избор со повеќе од 30.000 Personas од кои можете да бирате, и да ги нанесете само со еден клик без потреба да го рестартирате прелистувачот. Доколку имате идеа, можете да направите и Ваша Persona и да ја додадете во галеријата.
Покрај изгледот со темите, имa и уште многу новости во Firefox 3.6.
Како за дизајнери, има поддршка на CSS gradients како и WOFF (мали фонтови кои се интегрираат во сајтовите). Ова значи дека ќе може да ги дотерате Вашите страни уште поубаво, и ќе се вчитуваат побрзо од кога било.

Секако Firefox 3.6 е побрз од неговиот претходник Firefox 3.5 за 20%, додека тој беше 3 пати побрз од Firefox 3. Но се разбира дека и со поголема брзина мора да дојде поголема безбедност. Тука стапува во сила проверувачот на вашите плагини, кој детектира дали има нова верзија од нив и ви дозволува да ја симнете и инсталирате.

Но и веб девелоперите не беа заборавени ни малку. Сега може да додадете детекција на ориентацијата на копмјутерот во 3Д светот благодарение на новото API. Исто така можете да ги користите drag&drop функциите како и новото FileAPI во Вашите веб апликации.
За сите оние обожаватели кои сакаат да си го прилагодат нивното искуство на интернет (со преку 6000 додатоци и 30.000 Personas), Firefox 3.6 е за Вас! Превземете го од линковите на Вашата десна страна!

(благодарение до FuzzyFox кој помогна во составување на текстот)

Погледнете го видеото од Мајк Белтзнер за тоа што има ново во Firefox 3.6

кликнете тука за да го видите видеото

од Jovanovski на 21 јануари 2010, 22:18

Новица Наков

Пушење

ВМРО-ДПМНЕ омекна, на летните тераси ќе се пуши:

На тераса и во летни бавчи на угостителските објекти, односно ресторани, кафулиња, кафе-барови, отворени летни дискотеки и плажи во периодот од 1 март до 31 октомври ќе биде дозволено пушење. Ова го предвидува предлог- законот за измени и дополнување на Законот за заштита од пушењето, кој вчера на Собранието му го предложија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во делот каде што ќе биде дозволено пушењето, терасите и летните бавчи нема да смеат да имаат покриви ниту дополнителна опрема која на објектот ќе му дава затворен карактер“, изјави вчера претставникот на пратеничката група на владеачката партија, Влатко Ѓорчев.

Вистинска чистка на нелегалните тераси на кеј:

Како никогаш досега општинската инспекција од Центар вчера ги уриваше незаконски заградените тераси на кејот на Вардар. Педесетина ангажирани извршители од рано изутрина почнаа со демонтирање на најлоните, подовите и воопшто на сите делови од конструкциите од нелегалните градби. Безмилосна чистка истовремено се вршеше на терасите на сите седум локали на шеталиштето. Освен општинските работници во акцијата се вклучија и дел од сопствениците на кафулињата со свои работници. Иако револтирани, сепак, кафеанџиите не даваа отпор.

Добро, само мене ли ми изгледа ова на местенка?! Се чини дека општината, со пари од граѓаните, експресно пред измените на законот за пушење на газдите во центарот им ги претвори просторите од „затворен карактер“ во „отворени летни тераси“.

од Новица на 21 јануари 2010, 14:08